Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ му се реваншираше на Феникс, Работнички му се „предаде“ на Еуро Никел

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје многу потешко од очекувањата славеа над Феникс 2010 во средбата која вечерва се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Актуелниот шампион мораше добро да се испоти и преку силна последна четвртина (23-14) избори триумф од 87-74 со кој му се реваншираше на ривалот за поразот од првиот дел од сезоната, а воедно ја потврди и позицијата број два пред последното коло од оваа фаза.

Дејвис уфрли 19 поени, браќата Стојановски пак искомбинираа 37 кошеви. Кај Феникс триото Морган-Вилијамс-Трајковски уфрли 55 од крајните 74 поени.

Работнички пак 30 минути беше рамноправен противник на Еуро Никел (58-61), но завршниот период го одигра катастрофално на двете страни на теренот (10-26) и на крајот претрпе тежок пораз од 87-68.

Ѓекиќ реализираше 18.поени за екипата од Кавадарци, Дубински имаше 16. Соколов 12, а Томиќ уште 10.поени. Кај Работнички, екипа која сега е на ефект (9-12), Едвин уфрли 18, додека Балмазовиќ 16 поени.

На останатите две средби Кожув беше подобар од Ангели со резултат 76-72, Куманово пак го доби вториот состав на МЗТ Скопје со 70-62.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни