Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мусиала ги издвои главните фаворити за пехарот во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Германскиот репрезентативец и воедно член на Баерн Минхен, Џамал Мусиала ги издвои главните фаворити за пехарот во Лигата на шампионите.

Групната фаза е веќе зад нас, веќе се и познати паровите за првата нокаут фаза, па од досега прикажаното во ова натпреварување Мусиала смета дека три екипи се пред останатите кога е во прашање трофејот во елитното натпреварување.

-Лигата на шампионите е едноставно најважната титула во клупскиот фудбал. Освојувањето на оваа титула е моја голема цел. Финалето оваа сезона е во Лондон, на Вембли. Многу посебен стадион за мене додека растев во Лондон. Вембли е магично место. Ќе дадеме се како тим, но на ова ниво клучна е и дневната форма и сите играчи да останат фит и здрави.

-Мислам дека Реал Мадрид и Манчестер Сити се големи фаворити. Но, Арсенал исто така игра многу добар фудбал под водство на Микел Артета, -порача Џамал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни