Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо за емотивните сцени на „Олимпико“: Морав веднаш да го напуштам теренот, инаку ќе заплачев (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо е еден од елитните менаџери кои најмногу им даваа шанса за докажување на млади фудбалери, но тоа посебно го применува во Рома каде вели дека сепак децата од школата покажуваат посебни емоции.

Португалскиот стручњак му овозможи деби на Николо Писилји во Серија А на крајот на минатата сезона, меѓутоа надежниот фудбалер вечерва дочека и европско деби на „Олимпико“.

За ноќта да биде уште понезаборавна, Писилји го постигна последниот гол на натпреварот и ја потврди победата на Рома над Шериф од 3:0, по што и Мурињо остана трогнат од емотивните сцени на тернеот.

Младиот 19-годишен фудбалер е дел од Рома од своја деветгодишна возраст, а првиот професионален погодок за првиот тим го прослави со многу емоции и солзи во очите.

– Им овозможив деби настапи на многу деца и во претходните клубови, но тука во Рома станува збор за деца кои растеле во клубот, за деца кои оделе на стадионот со своите родители, со своите баба и дедо. Кога добиваат шанса да заиграат, работите стануваат многу емотивни. Ова беше прв гол за Писилји на „Олимпико“ и тоа го направи на натпревар во Европа. Го направи на стадионот на кој обично доаѓал како фан, замислете какво е тоа задоволство. Морав да истрчам и да го напуштам теренот, инаку ќе заплачев и јас, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни