Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо: Не сакаме пак да играме во Конференциската лига

Објавено

на

Калчолигашот Рома е пред завршниот предизвик во групната фаза на Лига Европа, односно дуелот против Лудогорец е да се биде или не за клубот од италијанската престолнина.

На „волчицата“ и е потребна победа против бугарскиот првак, бидејќи само тој резултат ги води во нокаут фазата на ЛЕ. Во случај да Рома не дојде до посакуваниот триумф тогаш ќе падне едно натпреварување подолу и ќе игра во Конференциската лига на УЕФА која ја освои минатата кампања.

-Ако не победиме, одиме во Конференциската лига, но тоа него  сакаме. Сакаме плеј-оф во Лига Европа и имаме само еден резултат за да стигнеме до таму. Ќе биде тешко затоа што сме под притисок и поради противникот. Мислам дека стадионот е распродаден, па атмосферата ќе биде вредна за голем натпревар, како против Бодо или Лестер. Ако ја создадеме оваа атмосфера, можеме да успееме,-вели Жозе Мурињо кој додаде:

-Очекувам противнико кој игра за два резултати, поинаку од нас. Опасни се со контра напади, но знаеме дека мора да ризикуваме. Амбицијата на играчите не е повторно да ја освојат Конференциската лига, ние сакаме да играме во плеј-офот во Лига Европа каде ќе најдеме тимови кои би можеле дури и да ја освојат Лигата на шампионите. Тоа е местото каде што сакаме да стигнеме, -заклучи Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни