Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо го погоди вистинскиот џокер за голем пресврт на Рома, Џани и Фенер со директен билет за осминафиналето на ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Рома успеа да дојде до билетот за нокаут фазата на Лига Европа и тоа откако со пресврт славеше над Лудогорец со 3-1.

На калчолигашот му беше потребна победа на овој меч, но по првиот дел губеше со 1-0 со погодокот на Рик. Овој резултат го налути Жозе Мурињо кој изврши три измени на стартот на второто полувреме, а една од нив се покажа како полн погодок, вистински ас од ракавот.

Се работи за Ѕаниоло кој во продолжението се избори за два пенали кои во 56 и 65 минута ги искористи Пелегрини за да во 85 сам направи дар-мар низ одбраната на гостите и го постави конечниот резултат.

„Волчицата“ заврши како втора во групата и ќе игра во 1/16 финалето.

Џани Алиоски ги одигра завршните 15 минути на средбата меѓу Динамо Киев и Фенербахче, дуел кој им припадна на гостите со 2-0 со што го обезбедија првото место во групата Б што носи осминафинале во ЛЕ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни