Поврзете се со нас

Лига Европа

„Мртов-ладен“: Како Де Роси ја испрати драматичната пенал серија на Рома против Феенорд (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Калчолигашот Рома успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на Лига Европа и тоа откако по една вистинска драма го елиминираше холандскиот прволигаш Феенорд.

И средбата во Рим заврши без победник (1-1), а тоа автоматски значеше нови минути, продолженија во кои немаше промена на резултатот, па преку удари од 11 метри мораше да се реши патникот во наредната фаза.

Тука херој за „волчицата“ беше голманот Миле Свилар каде одбрани два удари и со тоа и овозможи на својата екипа да продолжи во ова натпреварувања.

Сите во клубот од Рим беа среќни и задоволно поради позитивниот епилог, а неколку дена подоцна Рома објави едно интересно видео со реакциите на тренерот Даниеле Де Роси за време на пенал серијата.

Де Роси беше познат како енергичен играч, но сега интересно едноставно беше мртов-ладен, остана без ниту една емоција додека траеше целата драма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни