Поврзете се со нас

АТП

Моја: Им се вратија зборовите на Иванишевиќ, никогаш тоа не би го направил

Објавено

на

Рафаел Надал го надигра Новак Ѓоковиќ и со убедливи 3-0 дојде до пехарот на Ролан Гарос кој за него беше триум број 13 на овој турнир или вкупно 20 рекордна грен слем титула со што се израмни со Рожер Федерер.

Шпанскиот ас беше многу, многу подобар од Ѓоковиќ во финалната средба, а токму ова издание, победа не врати на изјавата на Горан Иванишевиќ од пред неколку деновите, изјава во која тој посочи дека Надал нема никави шанси против српскиот тенисер.

Иванишевиќ: Надал нема никакви шанси против Ѓоковиќ

Тој негов став и прогноза дефинитивно ќе се врти деновите, а за истата свој коментар имаше тренерот на Надал, легендата на шпанскиот тенис Карлос Моја.

-Тоа им се врати. Сигурен сум дека тие беа првите кои се шокираа како Рафа го доби мечот. Претпоставувам дека тие сакаа да му дадат самодоверба на својот играч, но јас никогаш не би кажал такви зборови. Го познавам Иванишевиќ, разбирам каква е улогата која мора да ја игра. Во тимот на Рафа никој тоа не би го кажал, мислам со тоа го стави под притисок својот играч, -истакна Моја кој верувал дека неговиот сонародник ќе слави над првиот светски рекет.

-Видов како Рафа не губи сетови и како Ѓоковиќ победува, ама со мака. Тоа ми даде надеж дека ќе победиме, ама ова не го очекував, -заврши Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни