Македонија
Многу нереализирани шанси во Кратово: Силекс и Брегалница одиграа „нула“
Силекс и Брегалница дефинитивно имаат за што да жалат по крајот на денешниот натпревар во Кратово, бидејќи гостите од Штип пропуштија колосална шанса пред крајот на првиот дел, а домаќините два зицери во вториот.
Само чудо ја остави Брегалница без водство во 42-та минута, кога наместо да ја погоди празната мрежа, Андерсон успеа да го промаши цел гол и да режира едно од промашувањата на сезоната во Првата македонската фудаблска лига.
Ова беше најголемото возбудување во првиот дел, а вториот им припадна на домаќините кои во два наврати имаа стопроцентни шанси, а еднаш ја погодија и рамката од голот.
Во двата наврати главен актер беше Ѓорѓиевски, а поблиску до гол беше во 75-та минута кога на неговиот пат се испречи гредата од голот на штипјани.
На крајот, возбудливо реми без голови, за поделба на бодовите и мирољубив поздрав по последниот судиски свиреж во Кратово.
-
Шпанијапред 14 часа
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 21 час
Барселона одбила понуда со која ќе бил соборен трансфер рекордот во женскиот фудбал
-
Светпред 15 часа
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Италијапред 14 часа
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)