Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски без грешка против Кил

Објавено

на

Вецлар на нашиот Филип Миркуловски не успеа да направи изненадување и загуби од Кил со 27-24 во вечерашната средба во Бундеслигата.

Домаќините одлично ги одиграа првите 30 минути во кои се изборија за предност од пет голови (13-8), па во продолжението имаа многу полесна задача, имаа максимална контрола на играта, резултатот и ја потврдија 21. победа во шампионатот.

Ехриг со 4 гола беше прв стрелец кај Кил, кај Вецлар најефикасен беше Чавор со 5 погодоци. Популарниот Жути пак одигра без грешка или поточно беше 100 процентно прецизен со 1 погодок од 1 обид.

Во следното коло Миркуловски со Вецлар му гостува на Хановер за кого настапува Филип Кузмановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни