Поврзете се со нас

Светски првенства

Милик за најопасниот француски играч: Потребен ни е скутер за да го стигнеме

Објавено

на

Полска важи за голем аутсајдер во осминафиналната пресметка со Франција на Светското првенство, пресметка која е закажана за утре од 16 часот.

Полјаците се свесни дека ќе треба да се поклопат многу работи за да направат сензација против бранителот на трофејот кој во своите редови има многу играчи од светска класа, но како најопасен дефинитивно е Килијан Мбапе.

-Како да се одбраните Килијан Мбапе? Мора да бидеме брзи, потребен ни е скутер за да го стигнеме. Тешко е да се игра против еден од најдобрите во светот. Ќе мора да се браниме како тим, бидејќи никој како поединец нема да може да го стигне. Неговата вредност одамна е позната, не не случајно што е на ова ниво, -вели Аркадиуш Милик.

Полскиот селектор,Чеслав Михневич не нашол слабости во играта на „триколорите“.

-Ги барав нивните слабости и не најдов. Но, секој тим има фази од натпреварот каде што прави грешки. Ќе мораме да ги користиме и постојано да ги притискаме да згрешат, -порача Чеслав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни