Поврзете се со нас

Италија

Милан „си пукаше во колено“, па освои само бод на „Виа дел Маре“ (Видео)

Објавено

на

Милан „си пукаше во колено“ и одигра очајно прво полувреме на „Виа дел Маре“, па поради тоа остана и без цел плен на гостувањето кај Лече.

Домашниот тим максимално профитираше од индолентноста на фаворитот во првите 45 минути, во кои поведе по големата грешка на Калулу и лошата реакција на несреќниот Тео Ернандес.

Стоперот на Милан му ја подари топката на противникот, па откако следеше центаршут, Тео во најдобра намера да расчисти, си постигна автогол.

Ова беше гол за водство од 1:0, кое беше зголемо во 23-та минута од Баскирото кој прецизно биеше со глава за 2:0. Милан успеа да реагира во вториот дел и се врати во игра со головите на Леао и Калабрија, но сепак не успеа да направи целосен пресврт.

Месијас го погоди дирекот во 79-та минута и Милан имаше огромна шанса, но по крајот на истата беше досудено офсајд и голот немаше да важи доколку топката завршеше во голот. До крајот, „росонерите“ не создадоа уште една стопроцентна шанса, па резултатот не се менуваше и ова е најдобра вест за Наполи.

Тимот на Елиф Елмас како првопласиран има 10 бода повеќе од Јувентус, односно девет од Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни