Поврзете се со нас

Европски купови

Металург не успеа да го изненади Чеховски Медведи

Објавено

на

Металург не успеа да стигне до првата победа во групната фаза на ракометната Лига Европа, а денес беше поразен од Чеховски Медведи на домашен терен (32:37).

Рускиот тим имаше контрола на резултатот уште од почетокот, во првиот дел неколку пати поведе со плус четири, а на таков начин ја дочека и паузата за полувреме (17:21).

Не само што Металург не успеа да направи пресврт, туку Чеховски стигнуваше и до шест голови позитива во продолжението, па на крајот заслужено победи со конечен резултат 32:27.

Тарабокија со 9 и Митиќ со 7 голови беа најефикасни кај Металург, додека во победничкиот тим најдобри реализатори беа Осташенко со 6 и Киселев со 5 погодоци.

Металург останува без победа по седум одиграни натпревари, што значи и позиција на дното на табелата, а рускиот тим веќе има четири победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни