Поврзете се со нас

Свет

Меси за својата иднина: И Зидан го кажа истото, па видовме што се случи…..

Објавено

на

Лионел Меси седна на ексклузивно интервју со новинарот Себастијан Вињоло и првично беше пренесена неговата изјава дека претстојното Светско првенство во Катар ќе биде неговиот последен мундијал во кариерата, бидејќи Аргентинецот не се гледа себеси како би бил доволно конкурентен за националниот тим и во 2026-та година.

Капитенот на „гаучосите“ ќе ја има последната шанса да стигне до трофеј на Светските првенства на турнирот во Катар, но покрај тоа што говорел за своите пократкорочни планови кои се тесно поврзани со играњето фудбал, Лео издвоил и што би можел да прави во иднина.

Во последно време, најголемите ѕвезди остануваат во близок контакт со секојдневните случувања во фудбалот и по крајот на играчките кариери, а иако Меси не планира да биде тренер, сепак не отрфрла и можно такво сценарио доколку дојде до промена во размислувањето.

– Првично, воопшто немам намера да станам тренер. Но, да не заборавиме дека и Зидан го кажа тоа додека беше играч, а потоа стана тренер и освои три титули во низа во Лигата на шампионите.

– Од оваа перспектива, јас повеќе се гледам себеси како спортски директор, како поддршка од позадина за играчите, за тренерите, но сепак не сум комплетно сигурен што би сакал да правам по крајот на кариерата, – вели Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни