Поврзете се со нас

АТП

Медведев загуби во финалето од Синер, но го украде шоуто при церемонијата во Пекинг (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChinaOpen

Данил Медведев играше ново финале на тврда подлога во 2023-та година, но исто како минатиот месец, повторно беше поразен во финалето, овојпат од младиот Јаник Синер.

Русинот во септември загуби од Новак Ѓоковиќ во големото финале на Ју-Ес Опен, но сега одново стигна до финалето на турнирот во Пекинг, каде сепак наиде на порасположен и посмирен ривал.

Синер влезе во дуелот со Медведев со шест порази во исто толку пресметки против Русинот, но сега конечно пронајде рецепт за Медо и успеа да слави во два сета кои имаа тајбрејк завршница.

Тесната победа од 7:6 и 7:6 донесе голема радост кај младиот Италијанец кој во полуфиналето без загубен сет го елиминираше и Карлос Алкарас, но за време на церемонијата, шоуто го ураде Медведев.

Двајцата си разменија убави зборови и со насмевка позираа со трофеите, но на заминување, Медведев си ја зема подарената играчка од организаторот која беше сместена во трофејот на Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни