Поврзете се со нас

АТП

Медведев го победи Алкарас, па ги испрати Шпанците на спиење (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Данил Медведев секогаш е брутално искрен и директен кога дава интервјуа на тениските терени по завршен меч, па така беше и во второто полуфинале кое рано утрово се одигра во Њујорк.

Русинот му се реваншираше на Карлос Алкарас за двата порази оваа сезона и успеа да го порази со 3:1, што беше доволно за пласман во големото финале на Ју-Ес Опен.

Грен слемот во Америка е единствениот кој го има освоено Данил во својата кариера, а добрите партии кои ги прикажува на „Артур Еш“ стандардно се надополнети со тензија и комуникација со гласните фанови.

Медведев не им остана должен на шпанските навивачи и по крајот на мечот, па реши дел од нив да испрати на спиење откако славеше со 7:6, 6:1, 3:6 и 6:3.

– Околу илјада шпански фанови почнаа да викаат и да врескаат измеѓу првиот и вториот сервис на 5:3 во четвртиот сет. Тоа не беше убаво, но претпоставувам дека беа очајни. Мило ми е што не им помогна, сега можат да одат на спиење, – во свој стил порача Медведев.

Русинот ќе го игра своето трето финале на Ју-Ес Опен и противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ, ривал над кого славеше и ја освои првата грен слем титула пред две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни