Поврзете се со нас

Италија

Мартинез: Има уште многу да се игра, Интер може да го освои Скудетото

Објавено

на

Интер го потврди статусот на фаворит и славеше против Верона со 1-0 со погодокот кој во раната фаза го постигна Лаутаро Мартинез.

Ова за „нероаѕурие“ беше 12 сезонско славје со што се израмнија со Јувентус и дојдоа на минус еден од второпласираниот Интер, меѓутоа актуелниот лидер Наполи се уште е далеку со оглед на тоа што разликата е 10 поени.

Сепак без разлика на предноста на наполитанците, Лаутаро Мартинез верува дека Интер може на крајот на кампањата да се радува на Скудетото.

-Знаевме дека ова ќе биде ваков натпревар, тежок, Верона маркира човек на човек ни целиот терен. Постигнавме гол рано, а потоа го направивме она што го подготвивме. Беше важно да ги освоиме сите три бода.

-Се уште можеме да го освоиме Скудетото, бидејќи има уште многу да се игра, но не треба да правиме повеќе грешки, треба да дојдеме до секој поен или тие ќе бидат премногу далеку, -порача Аргентинецот кој очекува интересна битка со Милан во Супер Купот на Италија.

-Тоа ќе биде дерби и финале, има титула за освојување. Се надеваме ќе го вратиме трофејот овде за нашите навивачи, -истакна напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни