Поврзете се со нас

Англија

„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил

Објавено

на

Каземиро може да биде презадоволен од настапите и освоените трофеи со Реал Мадрид, но последната понуда која ја добил го натерала да размислува за својата иднина.

Во моментов, заедно со Модриќ и Крос, Бразилецот е столб на средниот ред на актуелниот шпански и европски шампион, но „Марка“ тврди дека Каземиро не ја отфрлил понудата на Манчестер Јунајтед.

Премиерлигашот е во голема криза од повеќе аспекти и итно му се потребни квалитетни фудбалери, а Каземиро е еден од изборите на Ерик тен Хаг и раководството за позицијата на која настапува.

„Марка“ тврди дека Каземиро ги разгледува позитивните и негативните страни, а иако финансиски сигурно може да добие подобар договор, ќе треба да настапува во тим кој бара реконструкција и сезонава нема да игра во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид веројатно нема да му прави проблеми ако реши да замине и ако добие соодветна понуда од Јунајтед, пред се имајќи го предвид доаѓањето на Чуамени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни