Поврзете се со нас

Италија

Мандрагора за ремек делото против Аталанта: Ова е мојот најдобар гол во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Фиорентина славеше над Аталанта со 1-0 во првото соочување во полуфиналето на Купот на Италија.

„Виолетовите“ беа поконретни, а клучниот момент се случи во 31 минута кога Роландо Мандрагора изведе мајсторија од 30 метри.

-Чувствувам голема радост, ни требаше оваа победа, таа ни дава самодоверба и знаеме дека ќе ни треба уште еден одличен настап во реваншот. Ова е веројатно еден од најдобрите голови во мојата кариера, задоволен сум, -порача Мандрагора кој е свесен дека ги очекува тежок реванш во Бергамо закажан за 24 април.

-Има за што да жалиме, сакавме да постигнеме повеќе голови, игравме со карактер и сега треба да ја завршиме работата во реваншот. Она што сакаме е да ја кренеме титулата, мислам дека Фиорентина никогаш немаше лоши настапи оваа сезона, само се мачевме можеби да ги завршиме нашите шанси. Треба да продолжиме да притискаме и работиме, -додаде играчот од средината на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни