Поврзете се со нас

Италија

Мандрагора со чудесна шут-техника предизвика ерупција во Фиренца (Видео)

Објавено

на

Јувентус вчера направи сериозен исчекор кон големото финале во Копа Италија, но од вечерва поблиску до завршниот меч е и екипата на Фиорентина.

Во второто полуфинале кое се играше денеска на „Артемио Франки“, главната разлика ја направи ремек-делото кое го изведе Роландо Мандрагора, играчот за врска на „виолетовите“.

Фудбалерот на Фиорентина презентираше импресивна шут-техника и со чудесен удар го матираше голманот на Аталанта, а топката доби до толку неправилна ротација, што фактички беше невозможно да има било каква интервенција.

Траекторијата на топката беше навистина фасцинантна и оваа бравура ја видовме во 31-та минута, но Фиорентина може да жали што не оствари и поубедлив триумф.

Аталанта се задоволи со пораз од 1:0 и се надева дека ќе изгледа подобро на реваншот кој ќе се игра во Бергамо, на кој ќе го добиеме и конечниот одговор за тоа кој ќе патува во финалето.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни