Македонија
Малерозните квалификации не му дозволија на Џиролами да го предизвика Аскона во Барселона

Македонскиот тим ПСС Рејсинг го дочека завршниот викенд од ТЦР Европа со мотив да му ги расипе сметките на првиот фаворит Микел Аскона, но малерозните квалификации не му дозволија на Франко Џиролами да има посакуван дуел на патеката со Шпанецот.
Поради неочекуван дефект за време на квалификациите, Џиролами мораше да ја започне денешната трка од последната позиција во поредокот, додека Виктор Давидовски започна од 18. позиција.
Дополнителна предност за Аскона беше и фактот што безбедносното возило остана на патеката повеќе од вообичаено додека службите се мачеа да отстранат два автомобила кои го завршија настапот, па лидерот во генералниот пласман без ниту еден дуел остана на првото место од почеток до крај.
Двајцата возачи на ПСС Рејсинг напредувааа за неколку места за време на трката. па Џиролами заврши на 17. позиција, додека Давидовски стигна до 12. позиција и освои поени на Каталуња.
Денешната победа за Аскона значи и потврда за освојување на трофејот во ТЦР Европа првенството, па утрешната трка ќе донесе разврска само за другите нерешени позиции во поредокот. Шпанецот има 432 поени, додека Џиролами остана на 329 и тој сигурно ќе го освои второто место во генералниот пласман, што е голем успех за нашиот тим ПСС Рејсинг.
-
Германијапред 21 час
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 18 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 19 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 16 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 22 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)
-
Италијапред 5 часа
Инѕаги ги израдува фановите на Интер: Нема веќе продавања, ќе донесеме само уште еден играч