Поврзете се со нас

Репрезентација

Максимов: Имаме одличен тим, подготвени сме за претстојните предизвици

Објавено

на

Младата македонска фудбалска репрезентација ги започна подготовките за претстојните контролни натпревари против Ерменија и Малта во Скопје.

Двата мечеви ги играме на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, првиот е закажан на 15 јуни против селекцијата на Ерменија, а пет дена подоцна во истото време (17. часот) ќе се соочиме со Малта.

– Од натпревар во натпревар играме се подобро, растеме и созреваме заедно како тим. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата, се надевам дека до почетокот на квалификациите ќе бидеме во одлична форма и ќе се прикажеме во добро светло. Имаме серија на одлични резултати позади нас. Одигравме одличен турнир во Анталија, иако загубивме два пати незаслужено, особено во дуелот за освојување на првото место против Словачка, каде што бевме подобар противник во текот на сите 90. минути.

– Имаме одличен тим, поседуваме голем квалитет и функционираме добро како колектив. Нормално е дека има простор за напредок, се стремиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри и поконкурентни. Сакаме да ги изненадиме  противници со нашата добра и борбена игра.

– Треба да веруваме максимално во нас и во нашите можности. Сите како едно треба да продолжиме да се бориме и да даваме се од себе за дресот со државен грб. Сакаме да оствариме две победи против Ерменија и Малта и на одличен начин да ги заокружиме овие подготовки и серијата на контролни мечеви.

– Моментално се чувствувам одлично на физички план, со мојот клуб Шкендија веќе две и пол недели интезнивно тренираме. Подготвен сум за претстојните предизвици што ме очекуваат со репрезентацијата на Македонија, -порача Методи Максимов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни