Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските јуниори испорачаа „стотка“ за прва победа на ЕП во Португалија

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Јуниорите успеаја да ја остварат првата победа на Европското првенство – Б дивизија за кошаркари до 18 години, откако вечерва на натпреварот во Матошинос ја совладаа селекцијата на Норвешка.

По возбудливата и израмнета прва четвртина во која двата тима се менуваа со водство на семафорот (20:20), Македонија беше таа која направи исчекор, но клучната разлика беше стекната во второто полувреме.

На паузата се замина со минимална позитива за избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ од 46:43, но во третиот период успеавме да стигнеме до двоцифрена предност, која не однесе и до најефикасен меч на турнирот.

Македонските јуниори постигнаа точно 100 поени и славеа со резултат 100:80, што е прва победа на турнирот по поразите во воведните две рунди во групната фаза.

Поради нив, Македонија нема шанси за пласман во главното разигрување, но затоа утре ќе игра со Исланд во обид да дојдеме до разигрување од 9-та до 16-та позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни