Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските фудбалски јунаци пристигнуваат дома во 18:30 часот

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација беше на само еден чекор до пласман на Светското првенство во Катар, но и поразот од Португалија не го расипа впечатокот за она што избраниците на Благоја Милевски го одиграа и покажаа во квалификациите и плејофот.

Нашите најдобри фудбалери денеска ќе пристигнат на домашен терен со авионскиот лет кој во Скопје е најавен за 18:30 часот, па тоа е и терминот во кој ќе може да бидат пречекани и поздравени од фудбалските фанови.

По настапот на Европското првенство, триумфот над европскиот првак Италија во Палермо и стигнувањето до финалето за пласман на мундијалот, нашите фудбалери заслужија и добиваат посебен респект, а фановите денеска тоа можат да го потврдат и со поддршка по пристигнувањето на експедицијата на ФФМ во Македонија.

Нашата репрезентација вчера загуби од Португалија со 2:0 во финалето на плејофот, откако претходно ја совлада Италија со 1:0.

Капитенот со капитенска изјава: Заминуваме со кренати глави, никој не веруваше дека ќе го сториме ова

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни