Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија загуби од Хрватска и испадна од А дивизијата

Објавено

на

Кошаркарските јуниори претрпеа уште еден пораз за крај на настапите на Европското првенство во Измир кое се играше во изминатиот период, а со оваа завршна претстава, за жал нашите надежи испаднаа од елитното друштво и во иднина нема да бидат дел од А дивизијата.

Во мечот „да се биде, или не“ против селекцијата на Хрватска, противниците одговорија многу подобро по нашата извонредна прва четвртина, во која стигнавме до водство од 19:15, но едноставно не знаевме да го одржиме тоа темпо.

Сериозниот пад во втората четвртина резултираше со преземање на контрола од противникот и диктирање од Хрватите, а седумте поени во овој дел од играта е најдобра илустрација за лошата поставеност на паркетот.

Избраниците на Тони Симиќ не успеаја да се консолидираат и во второто полувреме, па поразот беше неизбежен и на крајот загубивме со 72:59.

Хрватска го освои 13-то место на турнирот и остана во А дивизијата, додека Македонија заврши 14-та и испадна во понизок ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни