Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија со лекција за Бугарија се приближи до место во четвртфиналето на ЕП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години оствари убедлива победа над Бугарија (83:54) и со тоа се приближи до посакуваното место во четвртфиналето на ЕП Б дивизија, кое се одржува во нашата земја.

Избраниците на Никола Василев имаа негатива по првиот период, но до крајот на полувремето направија пресврт, за седум плус на паузата.

Вторите дваесет минути целосно и припаднаа на Македонија, која постојано го зголемуваше водството, за убедлива победа над источниот сосед.

Симиќ со 21 поен и Митревски со 19 поени беа најдобри реализатори во македонскиот состав, а двоцифрен беше и Петков со 11 поени.

Македонија ќе го потврди пласманот во четвртфиналето со победа над Ирска утре од 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни