Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија преслушана од Црна Гора на контролата во Бар

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од Црна Гора од 89-53 на пријателскиот меч кој вечерва се одигра во Бар.

Нашиот национален тим не беше достоен противник на дебито на Јончевски или поточно домаќините не надиграа од самиот почеток, па до крајот. По првите 10 минути резултатот беше 29:11, додека на крајот на првиот дел истиот гласеше 45:27.

Повеќе од јасно беше дека второто полувреме ќе биде чиста рутина за Црногорците кои на крајот славеа со 36 разлика. Дамјан Робев со десет поени беше наш најефикасен играч.

Ова беше последна проверка за Македонија пред битките со Данска и Словачка во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни