Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ги дозна можните противници за ЕП: На листата се Грција, Бугарија. Литванија…(ФОТО)

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе ги добие ривалите за квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година во Кипар, Полска, Финска и Летонија

Ждрепката ќе се одржи во Минхен, а ние сме сместени во седмиот жешир заедно со Велика Британија, Исланд и Шведска. Инаку ждрепката е полудиригирана, па „црвено-жолтите“ веќе знаат со кого можат да се соочат во квалификацискиот циклус.

Имено тимовите од вториот, третиот и шестиот барабан (плус нашиот) ќе ги сочинуваат групите Б, Д, Ф и Х.

Ова не носи до тоа дека потенцијални ривали ни се Литванија, Грција, Италија, Германија, Полска, Турција, Црна Гора, Унгарија, Естонија, Холандија и Бугарија.

Средбите ќе се се играат низ три „прозорци“ и тоа во периодот помеѓу 19 и 27 февруари 2024 година, 18 до 26 ноември 2024 година и 17 до 25 февруари 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни