Поврзете се со нас

Свет

Македонецот во елемент: Како неверојатниот Димитријевиќ ја матираше ЦСКА во дербито во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Уникс Казањ успеа да слави над ЦСКА Москва со 84:78 во дерби натпреварот во ВТБ лигата, победа за која најголема заслуга имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Димитријевиќ игра во страшна форма и тоа го потврди на теренот на ЦСКА каде „експлодираше“ со 38 поени, 3 скока и 5 асистенции. Плејмејкерот имаше само едно промашување од игра на целиот меч (10/11 за еден, 8/8 за два и 4/5 за три), а во завршниот период даде дури 21 поен од вкупно 28 на Уникс.

Во продолжение погледнете го неговото шоу и мајсториите против тимот кој го води Емил Рајковиќ.


Инаку сега Уникс е на првото место на табелата со учинок 23-6.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни