Поврзете се со нас

Светски првенства

Мајсторско ливче: Синот на Линекер погодил се што можел на финалето меѓу Аргентина и Франција (ФОТО)

Објавено

на

Фантастичен фудбал, драма, емоции, возбудувања донесе финалето на Светското првенство на кое одлучувачки беше пенал рулетот за трета титула на оваа сцена на аргентинската репрезентација.

Средбата во Лусаил сигурно уште долго време ќе се памети, а ќе ја паметат и некои луѓе кои се обложуваат како што е синот на англиската легенда Гери Линекер. Имено Џорџ се пофали со ливче кое е навистина мајсторски, ливче во кое за 20 вложени фунти заработи 4276 фунти.

Џорџ погодил дека Меси и Мбапе ќе постигнат голови, потоа дека резултатот по 90 минути ќе биде 2-2, но и дека Аргентина ќе победи на пенали. Плус на ливчето додал типови на картони и корнери што се покажало како вистинска комбинација за добивка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни