Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике му прави притисок на Донарума со ангажман на доскорашен член на Барселона (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Неколку дена по доаѓањето на Луис Енрике, француските медиуми почнаа да пишуваат дека Шпанецот не верува целосно во Џанлуиџи Донарума, а најдобар доказ за тоа е потегот кој го повлече клубот во текот на денешниот ден.

„Светците“ донесоа конкуренција за италијанскииот чувар на мрежата и ангажираа талентиран голман од Шпанија, кој е добро познат на јавноста поради тоа што беше дел од фудаблската школа на Барселона.

Арнау Тенас мина пет сезони во Каталонија и мирно ја градеше кариерата во Б тимот на Барса, но ова лето реши да не го продолжува договорот со каталонскиот гигант и на 22 години стана слободен фудбалер.

Тенас има голем потенцијал и неговата предност е што добро игра со нозе, квалитет кој посебно го цени новиот тренер на ПСЖ кој сака јасно да стави до знаење дека никој не е недопирлив во првиот тим.

Младиот Арнау во прв момент пристигнува како замена за Донарума, но доколку се укаже шанса, може да се бори и за стартерското место во ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни