Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул има солуција за најдобра разделба на ПСЖ и Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Ливерпул одамна не го крие фактот дека би сакал да го доведе Килијан Мбапе во своите редови, но Французинот досега најчесто се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

Сепак, премиерлигашот сака да ја искористи актуелната комплицирана ситуација на релација Мбапе-ПСЖ и според англиските медиуми започнал преговори за заем на францускиот напаѓач.

Иако делува како невозможна мисија, Ливерпул се надева дека ПСЖ ќе ја прифати понудата која подразбира и сериозна финансиска сума за францускиот клуб, додека на Мбапе ќе му овозможи да добие нов предизвик, а следната година да одлучи за својата иднина, поточно да има одврзани раце и за трансфер во Реал.

Мбапе отсекогаш имал позитивно мислење за Ливерпул и нивниот менаџер Јирген Клоп, а премиерлигашот сака да го искористи и фактот што мајката на фудбалерот е голем фан на „црвените“.

Претходно, Мбапе ја одби рекордната понуда на Ал Хилал, со што дополнително ги налути челниците на ПСЖ, кои инсистираат да замине ова лето, за да заработат од неговиот трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни