Поврзете се со нас

НБА

Лилард ги „разнесе“ Клиперси, Леброн и Лејкерси им се вратија на победите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bucks

Најновата програма во НБА лигата донесе натпревари на двете екипи од Лос Анџелес, па така рано утрово видовме половичен ефект од споменатите тимови, бидјеќи Клиперси претрепеа пораз, а Лејкерси им се вратија на победите.

Дербито во Милвоки им припадна на „елените“ кои на домашен терен најдоа решение за Пол Џорџ, Џејмс Харден и Кави Ленард, а најзаслужен за тоа беше Демијан Лилард кој истапи во ситуација кога е повреден Јанис Адетокумбо.

Фантастичниот шутер испорача 41 поен и ги „разнесе“ Клиперси со својата игра, па автоматски беше вистински лидер во победата остварена со резултат 113:106. Мора да се напомене дека огромна поддршка доби од Портис кој мечот го заврши со 28 поени и 16 скокови, додека на спротивната страна Пол Џорџ и Џејмс Харден го завршија мечот со по 29 поени.

Во Лос Анџелес, Лејкерси им се вратија на победите по поразот од Денвер, па така на домашен терен се справија со Оклахома и славеа во меч во кој Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл.

Леброн упиша 19 поени, 11 скокови и 8 асистенции во победата од 116:104, додека Расел и Дејвис уфрлија по 26, односно 24 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни