Поврзете се со нас

Македонија

Лидерот сигурен во Штип, гостите „грмеа“ и на останатите соочувања во ПМФЛ

Објавено

на

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Љум оствари убедлив триумф над Брегалница од 3-0 на соочувањато во Штип.

Ова требаше да биде тежок испит за стружани, но гостите покажаа зошто се најдобра екипа во нашиот шампионат и веќе по првиот дел водеа со 2-0 со погодоците на Малески и Ибраими. На стартот на вториот дел Радески уште еднаш го матираше Денковски за потврда на 17. триумф во 27 настап во кампањата 2022/2023.

Сега Струга одново е на плус пет во однос на Шкендија (59/54) која вчера рутински ја доби Македонија Ѓорче Петров (3-1).

Гостите славеа и на останатите терени, па така Шкупи во Кратово го реши Силекс со погодоците на Цефас и Алварез, Скопје си поигра со Победа (4-0), а Работнички го нокаутираше Тиквеш во Кавадарци (3-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни