Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен го освои Берлин, Баерн се посрамоти со Хајденхајм, важен триумф за Елмас и компанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Тимот на Баерн Леверкузен е уште еден чекор поблиску до пехарот во Бундеслигата каде попладнево ја забележа 24. победа во 28. натпревар.

Избраниците на Чаби Алонсо овојпат беа подобри од Унион Берлин со 1-0 со голот кој од белата точка го постигна Вирц од пенал во судиското продолжение на првиот гол.

Баерн Михен се посрамоти во соочувањето со Хајденхајм каде загуби со 3-2 иако на полувреме водеше со 2-0. Кејн и Гнабри погодоција за фаворитот, но во вториот дел домаќините направија историски пресврт и забележаа триумф кој со големи букви ќе биде запишан во нивната историја.

Сега баварците имаат дури 16 бода помалку од „фармацевтите“.

Елиф Елмас беше активен од 83 минута за РБ Лајциг во соочувањето со Фрајбург на кое „биковите“ забележаа важен триумф од 4-1 во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Хајдара, Опенда (2) и Шешко погодија за гостите кои сега имаат 53 бода исто колку и Борусија Дортмунд која денеска го пречекуваа Штутгарт во вечерниот термин.

На другите две пресметки Келн го доби Бохум со 2-1 и Мајнц го разби Дармштад со 4-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни