Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Кораќ и Џинобили влегуваат во кошаркарската „Куќа на славни“

Објавено

на

Четирикратниот НБА шампион Ману Џинобили и југословенската легенда Радивој Кораќ се меѓу тринаесетте нови членови на кошаркарската Куќа на славни во Масачусетс.

Денеска беа објавени имињата на членовите на „класата 2022“ кои официјално ќе влезат во Куќата на славни, а меѓу нив се и овие две големи имиња на кошарката од две различни ери.

Џинобили освои четири титули во НБА како член на Сан Антонио, додека Кораќ го заслужи ова признание постхумно со неговите неверојатни меѓународни партии минатиот век.

Кораќ настапувал за ОКК Београд и југословенската репрезентација со која освои повеќе медали на големите натпреварувања, а во 1969 година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 30-годишна возраст.

До 2002 година постоеше европски куп кој го носеше неговото име, а потоа тоа име се користи за српскиот кошаркарски куп.

Покрај Џинобили и Кораќ, во Куќата на славни ќе влезат и поранешната НБА ѕвезда Тим Хардавеј, поранешните тренери Џорџ Карл и Боб Хагинс, односно судијата Хју Еванс. Кај дамите, место меѓу најдобрите си обезбедија и Линдзи Волен, Свин Кеш и Мариан Стенли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни