Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Чилаверт: Мбапе е предвидлив, тој би бил просечен играч во Јужна Америка

Објавено

на

Килијан Мбапе веќе неколку години игра на високо ниво како во Пари Сен Жермен така и во француската репрезентација, но и тие негови изданија не се доволно за некого да му оддаде признание или тоа во конкретниот случај е Хосе Луис Чилаверт.

Чилаверт е парагвајска фудбалски легенда, човек кој е познат по неговите погодоци од пенали, слободни удари или севкупно тој е на второто место на вечната листа кога се во прашање голманите и постигнатите голови на официјални натпревари.

Поефикасен од него е само Рожерио Сени што доволно говори дека за работи за еден специфичен лик кој одбележа една ера пред се во јужноамериканскиот фудбал. Тој имаше и неколку епизоди во Европа во Сарагоса и Стразбург, па добри ги познава и приликите на стариот континент, па од свој агол даде мислење за Мбапе за кого смета дека е просечен играч.

-Би сакал да го видам како трча на височина во Ла Паз или Кито, или како игра на гости во Бразил. Овде би бил просечен играч, тој е предвидлив. Очигледно е дека има предност со брзината, но со одбранбен играч што му дува во врат, можеме мирно да го контролираме, -порача Чилаверт за „Футбол де лос грандес“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни