Поврзете се со нас

НБА

Леброн се разбуди на „минус 25“ и режираше неверојатен пресврт за паметење (Видео)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс е се поблиску до местата кои водат разигрување во НБА лигата, а дефинитивно главна причина за тоа е неверојатната форма во која игра Леброн Џејмс.

Откако наполни 38 години (30 декември), Леброн има просек од 35 поени по натпревар, нешто што го демонстрираше и на гостувањето кај Портланд кое изгледаше дека ќе биде кошмарно за „езерџиите“.

Наместо тоа, на крајот сите кошаркарски фанови гледаа и сведочеа на пресврт кој уште долго ќе се памети и прераскажува, бидејќи „кралот Џејмс“ иницираше неверојатен пресврт.

Лејкерс губеше 25 поени на полувреме, истата негатива ја имаше и во воведот во третата четвртина, но потоа следеше сензационално враќање, а на крајот и победа.

Гостите успеаја да ја анулираат негативата и третиот период го добија со 40:20, по што беше јасно дека психолошката предност е на нивната страна. Лејкерси славеа и во четвртата четвртина со 35:21 и на крај се изборија за триум од 121:112, победа во која Леброн доминираше со 37 поени, 11 скокови и 4 асистенции.

Мора да се истакна дека огромна помош доби од Томас Брајант кој мечот го заврши со 31 поени и 14 скокови, додека добар беше и Шродер со 24 поени.

НБА резултати:

Торонто – Њујорк 125:116
Денвер – Оклахома 99:101
Феникс – Мемфис 112:110
Голден Стејт – Бруклин 116:120
Портланд – ЛА Лејкерс 112:121

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни