Поврзете се со нас

Италија

Леао: Милан е мое второ семејство

Објавено

на

Рафаел Леао веќе четири години е дел од калчолигашот Милан, тим во кој созреа и на најдобар можен начин се афирмираше на големата сцена.

Тој пред некое време потпиша нов договор со „росонерите“ и се очекува да има уште поголема, позначајна улога, да има константни партии, изданија со кои ќе се изводи како главна ѕвезда. Португалецот е спремен за предизвикот и со нетрпение ја очекува престојната кампања.

-На одморот направив пауза благодарение на моето семејство и пријателите. Сепак продолжив да тренирам, батериите ми се полни за да ја започнам новата сезона. Разговарав со тренерот и со некои од моите соиграчи и чувствував позитивна енергија. Им благодарам на навивачите за многуте пораки што ми ги испраќаат секој ден. Со нетрпение очекувам да започнам, -истакна Леао кој во новата кампања ќе игра со десетката на неговиот грб.

-Лично имам голема желба да бидам добар и да дадам се од себе за овој тим и овој нов број во клуб кој го сметам за мое второ семејство, -заклучи офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни