Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров: Лигата на Европа е на исто ниво со ЛШ, ова е голем предизвик за македонските играчи

Објавено

на

РК Алкалоид утре го започнува својот настап во Лигата на Европа, второто по ранг клупско натпреварување на стариот континент.

Ова за младиот македонски тим ќе биде сосема нови и поинакво искуство, испишување на нова историја, но предводникот Кирил Лазаров е претпазлив, иако оптимистички верува дека неговите играчи, како со Војводина, така и со останатите противници во групата, ќе имаат што да кажат и покажат на теренот.

– Ова е историски натпревар за нашиот клуб. Минатата година успеавме да направиме успех и  да обезбедиме пласман во Лигата на Европа и тоа за нас значи многу затоа што нашата екипа минатата година беше составена само од македонски играчи. Годинава имаме двајца интернационалци кои треба да помогнат со своето искуство да бидеме компетитивни во ова натпреварување, кое е рамо до рамо, слично со ЛШ. Има екипи кои кои многупати настапувале во ЛШ. Тоа е голем предизвик и искуство за македонските играчи. Ќе пробаме да бидеме компетитивни, конкурентини, да го дадеме нашиот максимум и достојно да се претставиме.

– Групата не е лесна, ниту наивна. Војводина е екипа што минатата сезона освои европски трофеј. Годинава имаат уште посилен тим од минатата сезона, со повеќе интернационалци. Во нашата група исто така се и Силкеборг и Ла Риоха, клубови со традиција, кои доаѓаат од земји што секој јануари се борат за медали на големите натпреварувања. Македонската јавност, публиката, во наредниот период ќе има можност да ужива со овие натпревари, а ние да се обидеме да ги оправдаме очекувањата, а тоа е да го дадеме нашиот максимум.

– Очекувам квалитетен натпревар утре и се надевам дека моите играчи ќе одговорат на притисокот. Моите играчи чувствуваат мала трема, но тоа е нормално и јас сум бил ракометар и знам како е тоа, но тоа е добар знак. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека ќе имаме шанса да ја изненадиме Војводина. Меѓутоа ова е само почеток и се надевам дека ќе биде големо искуство за тоа што следува во иднина,- истакна Лазаров, кој и на прашањата од српските новинари укажа дека гостите имаат фаворитска улога, а познатата македонска ракометна публика ќе треба да им даде крилја за да можат да пробаат и да се изборат за изненадување.

Средбата Алкалоид – Војводина е закажана за утре од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни