Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ ќе добијат нов тренер: Џангаровски ја заврши приказната со Македонија Ѓорче Петров

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkmakedonijagp1932

Екипата на Македонија Ѓорче Петров продолжи со негативни резултати во Првата македонска фудбалска лига, а денешниот пораз од Воска Спорт донесе реакција на клубот кој одлучи да се раздели со тренерот Тони Џангаровски.

Џангаровски ги презема „лавовите“ на крајот на месец октомври кога го замени Горан Симов, меѓутоа и тоа не ги донесе посакуваните резултати, стабилност и по серијата негативни резултати која продолжи и на стартот на пролетниот дел управата реши да ја заврши соработаката со стратегот.

Останува да се види кој ќе седне на жешкото столче на прволигашот од Ѓорче Петров кој е во тешка позиција и по 21. одиграно коло се наоѓа на последното место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни