Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лампард го смени нападот, Реал Мадрид со идентичен тим од првата средба

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Челси има негатива од два гола од првата средба со Реал Мадрид и вечерва ќе се обиде да направи подвиг против актуелниот европски шампион.

Френк Лампард не може да биде задоволен од играта и резултатите и тоа јасно го потенцираше во своите изјави, па останува да видиме дали Лигата на шампионите ќе биде посебна инспирација која може да го промени впечатокот за актуелниот тим на Челси.

Лампард реши да ги префрли Жоао Феликс и Стерлинг на клупата, додека Кукурелја и Чалоба ќе ги менуваат Кулибали и Чилвел кои не се во комбинација.

Од друга страна, Реал нема причина да експериментира и менува, па Карло Анчелоти се одлучил за истите стартни единаесет од првата средба.

Челси: Кепа, Џејмс, Силва, Фофана, Чалоба, Кукурелја, Ковачиќ, Канте, Фернандез, Галахер, Хаверц

Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Камавинга, Милитао, Алаба, Валверде, Крос, Модриќ, Родриго, Бензема, Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни