Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куртоа го „стопи“ ударот на Меси од белата точка (Видео)

Објавено

на

Екипата на ПСЖ е далеку поконкретна во вечерашниот дерби натпревар на „Паркот на принцовите“ против Реал Мадрид.

Домашниот тим се обидува да ја искористи предноста и пред своите гледачи со предност да патува на реванш средбата која е закажана за две недели во Мадрид.

Фудбалерите на ПСЖ се доминантни на теренот, имаат шанси, а во 61. минута не ја искористија и најизгледната шанса прекуи Лионел Меси.

Аргентинецот доби прилика од белата точка да го матираше Куртоа, но не успеа во таа намера.

Белгискиот голман го прочита ударот на Меси, кој рака на срце не беше ни толку силен, и успеа да ја зачува својата мрежа недопрена во досегашниот тек од натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни