Поврзете се со нас

Македонија

Крстевски се врати во Македонија и потпиша за ГРК Охрид

Објавено

на

Повремениот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски е промовиран во нов член на ГРК Охрид.

Некогашниот член на Металург и Еурофарм Работник од 2019 година играше надвор од нашите граници, прво во австриски Линц од каде се пресели во Фочани (Романија) од каде доаѓа во тимот кој во престојнава сезона ќе го води легендарниот Стевче Алушовски.

Со неговото искуство, квалитет Крстевски треба да биде големо засилување за македонскиот прволигаш кој има високи амбиции и цел е да избори пласман во европските купови.

Популарните „гладијатори“ досега се засилија со Бобан Ристевски, Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски Милорад, Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Звонимир Сафранко.

Четворица млади играчи Јулијан Maтески, Лука Лангоски, Наум Речкоски и Матеј Петревски пак беа промовирани во сениорскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни