Поврзете се со нас

Светски првенства

Ковачиќ: Сакаме да му донесеме бронза на нашиот народ

Објавено

на

Хрватска не успеа да се пласира во уште едно финале на Мундијалите, но поразот од Аргентина веќе е зад нив и сега фокусот е ставен на борбата за третото место против Мароко.

Тоа е дуел кој е закажан за утре, а „коцкестите“ сакаат да го добијат и ја освојат бронзата на овој турнир.

-Голема работа е да се биде меѓу четирите селекции, секако бевме тажни по поразот од Аргентина (3:0). Кога си во полуфинале, сакаш да стигнеш до финалето. Сепак, нашиот фокус е на играта за третото место, не чека голем натпревар. Сакаме да му донесеме бронза на нашиот народ, -рече Матео Ковачиќ.

-Не очекува тежок натпревар, тие секогаш го даваат својот максимум, имаат талентиран тим. Сега подобро ги знаеме и верувам дека ќе одиграме добар натпревар. Мароко одигра одличен турнир, имаат одлични играчи, одличен тим, -додаде членот на Челси.

Средбата се игра од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни