Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарките ги добија ривалите во квалификациите за ЕП

Објавено

на

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги дозна ривалите за квалификацискиот циклус за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Денешната ждрепка не однесе во групата „Г“ каде ќе ги одмериме силите со соседна Србија, Украина и Португалија.

Во три „прозорци“ ќе се играат квалификациите, натпреварите се закажани за 9. и 12. ноември 2023 година, потоа ќе се игра на 7. и 10. ноември 2024 година и на 6. и 9. февруари 2025 година.

Согласно со системот за натпреварување, победниците на осумте групи, заедно со најдобрите четири второпласирани тимови, земајќи ги предвид сите резултати во групите, ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.

Инаку, за прв пат откако е воведен овој формат, со четири држави кои се во улога на ко-организатори, ќе биде формирана уште една квалификациска група.

Во групата „И“ ќе се натпреваруваат, нациoналните тимови на Чешка, Германија, Грција и на Италија, но без натпреварувачки карактер.

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

ГРУПА А: Шпанија, Летонија, Холандија, Австрија

ГРУПА Б: Унгарија, Словенија, Бугарија, Финска

ГРУПА Ц: Белгија, Полска, Литванија, Азербејџан

ГРУПА Д: Велика Британија, Шведска, Данска, Естонија

ГРУПА Е: Франција, Хрватска, Израел, Ирска

ГРУПА Ф: Турција, Словачка, Романија, Исланд

ГРУПА Г: Србија, Украина, Португалија, Македонија

ГРУПА Х: БиХ, Црна Гора, Швајцарија, Луксембург

ГРУПА И: Италија, Грција, Чешка, Германија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни