Поврзете се со нас

Балкан

Комплименти за Трајковски: Со три тренинга покажа дека е класа…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски го реши клупското прашање со преселбата во Хајдук, тим за кој дебитираше минатиов викенд во дуелот против Локомотива во првата хрватска лига.

Фаворитот славеше со 1-0, а еден од играчите кој доби комплименти за својот настап беше токму нашиот ас. Трајковски одработи само неколку тренинзи со клубот од Сплит, но тоа не му беше пречка да влезе во второто полувреме и даде придонесе во овој лигашки триумф.

-Трајковски дебитираше после само три тренинзи со Хајдук. Крилниот напаѓач кој од минатиот вторник почна да работи со екипата, доби нешто повеќе од пола час на премиерата. Се гледа во секој негов допир со топката дека е класа играч, но и се гледа е далеку од напаѓачот кој ‘жареше и палеше’ во Италија. Трајковски три месеци нема одиграно меч и јасно е дека ќе му треба време, а допрва ќе ја крева формата и тоа не е ништо спорно. Прашањето е само со која брзина ќе покаже напредок. Јасно е и дека Хајдук со него добива уште поголема стабилност во нападот.

-Прерано е да очекуваме Македонецот да биде стартер веќе со Динамо, а не е реално ни потоа со Риека и Осиек, зашто ќе му треба барем еден месец за да влезе во вистински ритам на тренинзите. Но, дотогаш може да одигра 20 до 30 минути, на свежина и на искуство и да биде од огромна корист. Додека не ја достигне оптималната форма, ќе биде џокерот на Леко, играч кој може да направи разлика на теренот, а таков ќе биде вреден и доволен и за Динамо. На мал простор, Трајковски и тоа како може многу да направи. Нема ништо спорно, ваков играч му требаше на Хајдук, -вели „Спортске Новости“ во анализата.

Наредниот меч за Хајдук е дербито со Динамо на 1 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни