Поврзете се со нас

НБА

Кога среќата ќе ти го заврти грбот: Леброн ја изгуби патиката во нападот за победа и остана шокиран од епилогот (Видео)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс игра многу лоша сезона од стартот на НБА лигата и се предодреди на „топло-ладно“ серии во последно време, па така утрово пристигна третиот пораз во низа за Леброн Џејмс и компанија.

Во отсуство на повредениот Ентони Дејвис, речиси целиот товар паѓа на „кралот Џејмс“, кој рано денеска уште еднаш остана изневерен од свој соиграч.

Шрудер имаше шут за победа во тесниот дуел со Шарлот при резултат 130:132, но неговиот обид за тројка заврши неуспешно откако Леброн претходно немаше воопшто среќа.

Џејмс тргна во акција сам да решава и да го одведе мечот во продолженија, но во својата акција ја изгуби патиката и мораше да додава до Шрудер.

Првата ѕвезда на Лејкерс одлично се снајде во дадената ситуација, но на крајот остана шокиран од целиот епилог, бидејќи промашувањето значеше крај на надежите за победа. Домашниот тим направи фаул, па така Шарлот ги реализираше двете слободни фрлања и победи со 130:134.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни