Евролига
Клубовите изгласаа: Валенсија со Нено и Партизан добија „вајлд карта“ за Евролигата

Валенсија и Партизан се последните два тима кои го комплетираат составот за новата сезона во Евролигата, откако ова натпреварување заедно со косопствениците на лигата ги прифатијата барањата на двата клуба.
„Црно-белите“ од Србија и шпанскиот тим беа единствените два клуба кои аплицираа да добијат „вајлд-карта“ за настап во најелитното европско натпреварување, а водечките луѓе на Евролигата заедно со 11-те клуба основачи ги прифатија нивните барања.
Прифатениот предлог од бордот на Еврлигат значи дека им се отвораат вратите на Валенсија и Партизан во најсилното натпреварување, што значи дека Ненад Димитријевиќ ќе биде дел од континенталниот крем во новата сезона.
Пред да дојде до оваа одлука, 11-те клуба основачи гласаа и за отфрлање на руските претставници во Евролигата, па така ЦСКА и Зенит нема да бидат дел од натпреварувањето.
Со оваа одлука, познатите се сите 18 тима кои ќе се натпреваруваат во Евролигата наредната сезона, а тоа се Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Анадолу Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Милано, Панатинаикос, Макаби, Жалгирис, Баерн, Алба, Асвел, Виртус, Монако, Црвена Звезда, Партизан и Валенсија.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)