Лига на шампиони
Клозе кратко образложи зошто ќе навива за Лацио во пресметката против Баерн
Осминафиналите возбудувања во Лигата на шампионите започнуваат оваа вечер со два натпревари, а од оваа фаза утре ќе бидат одиграни уште два меча, еден во Италија и еден во Франција.
Баерн Минхен пристигнува како ранет лав во Рим и сигурно ќе сака да се прикажа во најдобро можно светло против Лацио, па тоа сигурно не е баш добра вест за италијанскиот калчолигаш кој нема воопшто добра традиција кога се дуелите со баварците во прашање.
Лацио со вкупни 6:2 загуби на двата натпревари против Баерн пред три години, а Мирослав Клозе најавува дека тимот на Маурицио Сари сега ќе се држи доста подобро против оној на Томас Тухел.
Поранешниот германски голгетер во својата кариера играше за двата клуба, но самиот призна дека утре ќе навива повеќе за Лацио.
– Јас сум тип на личност која секогаш држи палци за аутсајдерите. Во овој случај, ќе бидам повеќе за Лацио и поради тоа што играв за нив една година повеќе отколку во Баерн. Верувам дека ќе биде многу поизрамнет двомеч од последниот пат, но исто така мислам дека Баерн повторно ќе се пласира во четвртфиналето, – вели Клозе.
-
Англија16 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија13 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП16 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет14 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Франција10 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..
-
Европски првенства4 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП
-
Англија14 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)