Поврзете се со нас

Англија

Клоп се пожали за двојни аршини: Ова е период во кој сите работи одат во корист на Арсенал!

Објавено

на

Јирген Клоп потврди дека повредите на Трент Александер Арнолд и Луис Дијаз не игледаат добро, но по поразот од 3:2 на гостувањето во Северен Лондон, имаше критики и за арбитражата на Мајкл Оливер и оцени дека имало двојни аршини.

Германскиот стручњак го доведе во прашање лесниот пенал кој му беше досуден на Арсенал при поставувањето на конечниот резултат, но истовремено е убеден дека неговиот тим останал покус за чист пенал при резултат 1:0 во првиот дел, кога Габриел ја удри топката со рака во сопствениот шеснаесетник.

– Ова беше отворен меч и можеше да замине во секој правец, а замина во нивни. Ситуацијата со пеналот дојде во најлош момент. Можевме порано да го решиме тоа и четири пати да ја исфрлиме топката, но не го направивме тоа. Потоа дојде до пенал, а јас би рекол дека беше многу мек пенал.

– Не сум ни сигурен дека имаше чист контакт. Кога Жезус паѓа на земјата, тоа го прави со одложување, но за жал, луѓето во ВАР не го испратија судијата да ја прегледува ситуацијата.

– За жал имаше друго гледиште во првото полувреме кога Габриел играше со рака. Неговата рака беше во неприродна позиција. Тоа се работи кои сега не можат да се променат, но кои влијаат врз резултатот. Можевме да играме подобро во второто полувреме, но очигледно ова е период кога сите работи одат во корист на Арсенал, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни